Со мерките од Оперативниот план за вработување

Куманово, 23 февруари 2017 (МИА) - Вкупно 106 микро-претпријатија се основани во Куманово со мерката за самовработување на Владата, а преку проектот „Македонија вработува 2“, кој трае од 28 јуни, минатата година досега на подрачјето на општината се вработени 309 лица, соопштија денеска одговорните од Центарот за вработување Куманово.
Раководителот на центарот за вработување Милорад Тренчевски информира дека најатрактивна мерка од Оперативнмиот план меѓу невработените кумановци е самовработувањето.
- Оваа година имаме измена. Зголемен е лимитот од 3.000 на 4.000 евра неповратни средства - грант за секоја креативна идеја и бизнис план и може да учествуваат невработените лица кои се активни баратели на пазарот на трудот, изјави Тренчевки.
Тој појасни дека лани, со оваа мерка на подрачјето на Куманово од основаните 106 микро - претпријатија во трите огласи што поминаа, најголем дел се во областа на занаетчиство, услужните дејности и производство во текстилната и кожарската дејност.
Инаку, десетиот оперативен план за вработување опфаќа 30-тина мерки кои како што нагласија од Центарот, во досегашниот период дале свој придонес во намалување на бројот на невработени во Куманово. Во мерките се oпфатени повеќе категории - млади лица до 29 години, корисници на социјална парична помош, долгорочно невработени лица, лица со инвалидност и сите други кои се активни баратели на пазарот на трудот. Огласот за мерките е отворен до 10-ти март годинава.
Тренчевски упати апел до сите невработени лица кои се креативни да дојдат во Центарот за вработување каде ќе ги добијат сите упатства за учество во која било мерка.
Во наредниот период тој најави дека ќе бидат активирани и другите огласи што се дел од оперативниот план, како обука со субвенционирано вработување, обука кај познат работодавач, обуки за дефицитарни занимања, напредни ИТ вештини, за сообраќајната струка која е атрактивна, јазици, компјутери. Ги наведе и мерките за доделување грант за отворање приватни старски домови, детски градинки што ќе бидат субвенционирани од државата.
Бројот на невработени лица во општина Куманово е 18.951 лице од кои активни баратели се 9.830 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...