Евростат: Во Македонија 99,6 проценти од средношколците учат два странски јазика

Брисел, 23 февруари 2017 (МИА) - Средношколците од Република Македонија, Луксембург и Лихтенштајн во најголем процент во Европа учат по најмалку два странски јазика за време на своето школување, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова го покажаа податоците што денеска ги објави Европската канцеларија за статистика (Евростат), според која 100 проценти од учениците во прва и втора година од средно образование во Македонија учат најмалку еден, а дури 99,6 проценти од нив изучуваат најмалку два странски јазика за време на четиригодишното школување.

Евростат објавува дека прв странски јазик што македонските граѓани го изучуваат во средно училиште е англискиот, додека германскиот јазик е втор странски јазик, односно го изучуваат 49,2 отсто од нив.

Унгарија со само шест проценти од средношколците и Бугарија со 16 отсто имаат најмал процент на млади во средните училишта што учат втор странски јазик.

Во апсолутни бројки, според Евростат, 84 илјади македонски граѓани посетуваат средно училиште и буквално сите имаат најмалку еден странски јазик (англискиот) како предмет, а дури 99,6 проценти втор странски јазик што го изучуваат, при што во најголем процент тоа е германскиот јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...