Средношколци истепани поради девојка

Скопје, 24 февруари 2017 (МИА) - Седумнаесетгодишник и негов другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од село Арачиново и од уште еден ученик во училиштето. Нападот е пријавен во полицијата вчера попладне околу 16 часот.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето. Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во возило „Голф 3“ со скопски регистерски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа. По пристигнување во близина на основното училиште „Битолски конгрес“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...