Пронајдени 42 килограми дрога во возило во Струга

Скопје, 25 февруари 2017 (МИА) - Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени синоќа во патнички автомобил при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид.
Акцијата, како што денеска соопшти МВР, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата „Димче Ковачески“ во Струга.
Полициски инспектори заедно со полициски службеници од Струга запреле патничко возило „мини купер“ управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При прегледот на возилото најдени се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки, а во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е и една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја.
Извршен е и претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, каде се пронајдени две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...