Заев очекува денеска да добие мандат од Иванов

Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево пристигна во вилата Водно каде што на претседателот Ѓорге Иванов треба да му ги предаде 67-те потписи по што очекува да му биде предаден мандатот за формирање влада.
Заев пред средбата со Иванов во кусата изјава рече дека очекува Иванов денеска да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта.
- Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање на нова влада на граѓаните на Република Македонија. Истовремено имам прилика до сите граѓани и до институциите во државата да им порачам дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија, рече Заев.
Потоа, тој заедно со потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски се упати на средба со претседателот Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...