Косовскиот заменик-министерза враќање и за заедници во посета на Куманово

Куманово, 27 февруари 2017 (МИА) - Во протоколарна постета на општина Куманово, денеска престојуваше заменик-министерот во Министерството за враќање и за заедници од Косово, Јолџи Шаља.
На средбата во Куманово освен претставници на локалната самоуправа престојуваат и преставници од ромските невладини и граѓанските организации од подрачјето на Куманово.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека го запознал Шаља со етничките права на Ромите, достигнувањата во изминатиот период, меѓу кои и службената употреба на ромскиот јазик, со бројната состојба на вработените Роми во општинската администрација. Дамјановски го информирал и за достигнувањата во однос на имплементација на обврските од Декадата на Ромите на подрачје на Куманово.
На средбата станало збор и тековни проекти меѓу кои и регулација на речно корито, регулација во населбата Средорек, со што, рече, се создаваат реални услови за живеење и легализација на дивоизградените објекти, за дневниот центар во училиштето „11 Окотмври“.
- Главната тема за која денеска зборувавме е реадмисија на Ромите кои во бегласката криза во воените дејствија во Јужна Србија и Косово 1999 - 2000, кога имавме масовен егзодус на луѓе и имаше голем број Роми кои беа иселени, еден дел се вратени, но има и други кои останале, сега се прави една заложба под покровителство на европската заедница за враќање на тие луѓе и овозможување на услови за нивното ресоцијализирање во Косово, тоа беше главната тема за кој денеска зборувавме, изјави Дамјановски.
Заменик министерот Шаља рече дека се информирал за позитивната состојба на ромската етничка заедница и оти се надева на воспоставување дополнителни состаноци на ниво на Косово и Македонија поврзани со ромската заедница.
- Ние мора да и се заблагодариме на Република Македонија дека од 1999 година, голем број Роми од Косово живееа во Македонија. Сега состојбата во Косово е променета, повеќе од тие луѓе кои живееа во кампови се вратија во своите домови, нашето Министерство за враќање и заедници направи повеќе работи со европските организациии за да ги врати луѓето кои излегоа од Косово, изјави Шаља.
Оваа средба ,рече, има за цел да се иднетификуваат луѓето кои би сакале да се вратат на Косово. Средбата,се одржува по иницијатива на советникот Самет Салиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...