Протестен марш на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија

Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Мирен граѓански марш во организација на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се одржа денеска, за како што велат, против промена на Уставот и заштита на името и суштината на државата.
Маршот започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.
Игор Дурловски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија го прочита Прогласот во кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.

Во прогласот, исто така, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.
- Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.
Богдан Илиевски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија рече дека нема да дозволат разделување на црвената и жолтата од македонското знаме, затоа нивниот симбол ќе биде спојување на црвената и жолтата, односно, како што рече, црвено-жолтата линија што нема да ја поминат.
Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...