Средба со студенти на затворањето на изложбата на Вангел Наумовски

Скопје, 28 февруари 2017 (МИА) - Во Националната галерија на Македонија, во Даут-пашин амам денеска ќе се одржи средба на кустосот Маја Чанкуловска-Михајловска со студенти од Американ колеџ во Скопје по повод затворањето на ретроспективната изложба на Вангел Наумовски.
На изложбата беа изложени 95 дела од сите творечки фази на Наумовски, времено позајмени од семејството на авторот, како и од повеќе институции и приватни сопственици во Македонија, а увид во неговото творештво овозможија и институции од Хрватска и Србија.
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети. Тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта...
Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови на соништата на Наумовски се раѓаат од неговиот однос кон природата, опкружувањето, традицијата, митовите и стилски и тематски заземаат издвоено и препознатливо место со специфичното хуманистичко и пантеистичко чувствување на светот и на човекот во него.
Вангел Наумовски се вбројува меѓу малиот број уметници од Македонија кои достигнуваат најголема афирмација и надвор од Македонија уште за време на своите најактивни творечки години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...