Средба на лидерот на ДУИ со шведскиот амбасадор во Македонија

Скопје, 1 март 2017 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон со кого разговараше за актуелната политичка состојба и за преговорите меѓу политичките партии во Македонија.
ДУИ соопшти дека Ахмети го информирал Стафансон оти како партија успеале да ги заокружат преговорите за законот за употреба на албанскиот јазик, како и точките од Заедничката изјава на албанските политички партии, додека за другите прашања, како што се наведува, се чекаат процедурални случувања во земјата во врска со мандатот за формирање влада.
Лидерот на ДУИ истакнал дека како партија сé уште немаат одлучено дали ќе останат во опозиција поддржувајќи малцинска влада или ќе бидат дел од новата влада.
Говорејќи за развојот на настаните во земјата, Ахмети посочил дека протестите се демократско право на изразување незадоволство, но оти не треба да имаат етничка и насилна димензија, со што го осудил синоќешниот напад врз новинарите.
Двајцата соговорници разговарале и за локалните избори, како и за потребата од што поскоро конституирање на Собранието на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...