МФ: Податоците за буџетските расходи веќе се објавуваат на нашата веб страна

Скопје, 1 март 2017 (МИА) - Министерството за финансии во реакција на соопштението од СДСМ за буџетскиот дефицит во јануари годинава истакнува дека сите расходи се во рамки на Буџетот. Посочува дека на месечна основа ги објавува податоците кои се усогласени со Меѓународниот монетарен фонд и оти нема простор за политички поентирања и шпекулации.
- И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за тековниот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот, стои во реакцијата од Министерството за финансии.
За да се избегнат манипулациите со сезонскиот ефект за дефицитот во јануари, посочуваат од ресорното Министерство, на располагање се и извештаите од минатите години, па јавноста може да спореди каква била реализацијата на буџетот и буџетскиот дефицит години наназад во јануари.
- Со оглед дека Министерството за финансии на месечна основа ги објавува овие податоци и тие се усогласени со методологијата на Меѓународниот монетарен фонд, навистина нема простор за шпекулации и политички поентирања, бидејќи секој кој сака може да направи увид, соопштуваат од Министерството за финансии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...