ДУИ донесе одлука за учество во нова влада

Тетово, 4 март 2017 (МИА) - Централното претседателство на ДУИ синоќа донесе едногласна одлука да даде поддршка на СДСМ и да учествува во формирање нова влада. ДУИ бара од претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката за недоделување на мандатот.

Ова го соопштија по седницата лидерот на партијата Али Ахмети и портпаролот Бујар Османи.

- Ова беше финален состанок на кој беше исцрпена целата дебата и едногласно се донесе одлука, изјави Ахмети.

Тој додаде дека доколку претседателот не го додели мандатот и не ја повлече одлуката ќе се разгледуваат прашањата за гласање влада во собранието кои пак, како што истакна, ги регулира Уставот и правилникот на Собранието.

Посочи дека не верува дека 67-те пратеници во Собранието кои ја дале поддршката за новиот мандатар и го направиле тоа по слободна волја дека ќе се повлечат од таа одлука за поддршка.

Во однос на локалните избори потенцира дека тие треба да се одржат во законски определениот рок во мај 2017 година и сега треба да се видат сите околности што треба да се почитуваат.

- Го повикуваме господинот Иванов, согласно со неговите уставни надлежности и неговото сопствено барање да го додели мандатот за формирање на влада, потврдено со 67 потписи. Истовремено го повикуваме Иванов и сите политички партии да бидат внимателни во своите изјави да не ја загрозуваат заедничката иднинана граѓаните. ЦП на ДУИ ги информира граѓаните дека давањето потписи за поддршка за земање мандат истовремено подразбира и поддршка формирање ново парламентарно мнозинство и нова влада, во духот на Рамковниот договор и посветена во владеење на правото и интерацијата во НАТО и ЕУ, изјави Османи.

Тој додаде дека учеството на ДУИ во новата влада ја рефлектира волјата на албанскиот народ изразена на последните избори од 11 декември и има за цел исполнување на програмата ветена пред граѓаните.

ДУИ, како што рече, ќе бара целосно испитување на работата на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година до денес и тоа под меѓународен мониторинг се додека не заврши процесот на формирање на правиот ситем во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...