Вебер: Загрижени сме за состојбата во Македонија, Косово и БиХ

Стразбур, 14 март 2017 (МИА) - Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна групација во Европскиот парламент е загрижена за состојбата во Македонија, Косово и во Босна и Херцеговина, како и на целиот Балкан, соопшти претседателот на ЕПП во европскиот законодавен дом, Манфред Вебер на брифинг со новинарите-дописници во Европарламентот во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, според германскиот политичар на чело на најголемата европска политичка партија, ЕПП е посебно загрижена бидејќи работите се влошуваат, тензиите се зголемуваат на Балканот, посебно што, како што рече Вебер, Европската унија не може да вети нешто повеќе со оглед на тоа што проширувањето на Унијата нема да се случи следните години, па и, според него „ниту во следната деценија“.

- Ние сме посебно загрижени за состојбата на Балканот. Неодамна бев во Хрватска и дискутирав со нивниот претседател и со спикерот на Парламентот за состојбата во регионот. Алармантни се состојбите во Босна и Херцеговина, Македонија и на Косово. Работите таму се влошуваат и гледаме зголемени тензии. Загрижени сме за Балканот, бидејќи го сметаме за дел од Европа, истакна Вебер.

Според првиот човек на европските демохристијани во Европарламентот, поголем проблем за земјите од балканскиот регион е тоа што ЕУ нема што да им понуди:

- Проширување нема да има следните години, а можеби и следната деценија, предупреди Манфред Вебер.

На денешниот брифинг со новинарите во Стразбур, германскиот европратеник истакна дека посебно загрижува развојот на настаните во Турција и нападите над земји-членки на ЕУ и во целост на Европската унија. Оваа спирала на ескалација, според Вебер, мора да запре и посочи дека Унијата во целост стои зад Холандија, порачувајќи дека понатамошните настани со и околу Турција нема да успеат да ја поделат Европа.

Во овој поглед, поради домашните случувања во Турција, Вебер во име на Европската народна партија побара ЕУ да ги замрзне пристапните рпеговори со оваа земја, иако посочи дека треба да се почитува договорот за спречување на мигрантскиот наплив. Тој, исто така, го осуди и развојот на настаните во Полска, каде според него, се покажува дека државата се изолира од Европа со таквото однесување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...