Претседателот Иванов во посета на Азербејџан

Скопје, 15 март 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Како што соопшти кабинетот на Претседателот, шефот на државата ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.
За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.
Меѓу останатите теми на дискусија на овогодинешнот форум се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, Алијанса меѓу Западот и муслиманските држави, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...