Димитриев на средба на премиерите од Западен Балкан во СараевоСараево, 16 март 2017 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев учествува на состанокот на премиерите од Западен Балкан што денеска се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. На состанокот, чиј домаќин е претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, покрај Димитриев ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, како и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана. Се очекува енергетиката да биде главна тема на состанокот на премиерите од Западен Балкан .
|