„Плати со поезија“ на девет локации во Скопје и Велес

Скопје, 16 март 2017 (МИА) - Трета година по ред Македонија ќе биде дел од глобалниот настан „Плати со поезија“ што го организира „Јулиус Мајнл“ во 36 држави и во над 1400 кафетерии низ светот, по повод Светскиот ден на поезијата 21 Март. Оваа година настанот ќе биде на девет локации, а покрај во Скопје, ќе се прошири и во Велес.
- Целта на „Плати со поезија“ е да го поттикне поетскиот дух кај сите, кога секоја година на ист датум се подарува уникатна можност испиеното кафе или чај да се плати со поезија – извор и валута на најуникатните човекови емоции. Светскиот ден на поезијата е посветен на оние кои го исполнуваат светот со страст преку пишаниот збор. Секој стих секогаш е различен и неповторлив, а со себе носи автентична таинственост како печат на авторот кој го напишал, соопшти организаторот.
Во настанот годинава се вклучени скопските кафетерии Нола бар, Наргиле кафе, Ревија, Дион, Backyard, Juice bar, Венето, Баду бар и Чао кафе во Велес.
Главни поддржувачи на овој настан се познати автори кои и годинава ќе трагаат по најкреативните неоткриени поети кои своето кафе или чај ќе го платат со напишани стихови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...