„Пешаци по црни полиња“ - нов роман на Оливера Николова

Скопје, 16 март 2017 (МИА) - „Матица македонска“ објави нов роман од писателката Оливера Николова, насловен „Пешаци по црни полиња“.
Во поговорот на книгата Гоце Смилевски наведува дека Оливера Николова (1936) спаѓа во редот на водечките романсиери во современата македонска литература, авторка на богат прозен опус во кој од специфичен агол ги согледува историските, националните и социјалните превирања.
- Како вешт прозен мајстор пишува за општественото раслојување во годините кога се трансформираат институциите и низ ткаежот на животните приказни се разобличуваат бројни човечки судбини. Новото романескно остварување претставува круна на богатиот творечки опус што писателката ни го завешта во изминатите децении, пишува Смилевски за новото дело на Николова.
Оливера Николова е добитник на престижни книжевни награди, меѓу кои: „Младо поколение“, „Змаева награда“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“, а нејзини дела се преведени на повеќе странски јазици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...