Завршна конференција за проектот „Жива историја-жива природа 2“

Новаци, 16 март 2017 (МИА) - Општина Новаци и партнерската општина Алмопиа од Грција завршија со реализацијата на проектот „Жива историја-жива природа 2“ кој имаше за цел да ја зајакне соработката меѓу двете општини, да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област.
Градоначалниците Лазар Котевски и Димитрос Бинос на конференцијата што синоќа заврши во општина Новаци најавија понатамошна соработка низ нови проекти кои ќе бидат финансирани од фондовите на ЕУ.
- Во рамки на проектот изградивме туристички патеки за велосипедизам, планинарење и крстосување со теренски возила, мобилна апликација за убавините на Мариово и на Новаци. Наскоро ќе почнеме со нов проект, односно во општината Алмопиа да ги поврзат топлите бањи во Лутраки со скијачкиот центар на Кајмакчалан, а нашата општина преку уредување на просторот од другата страна на планината да го потикне развојот на алтернативниот туризам, истакна градоначалникот Котевски.
Во првата фаза од проектот „Жива историја жива природа 1“ беше извршена санација на мостот во селото Зовиќ, црквата „Св. Димитрија“ во Градешница, како и куќата на Калеш Анѓа во Старавина. Исто така беа обележани патека на природните убавини, историското наследство и комбинација од двете, направена беше уметничка програма, дигитална изложба, изработени беа две дата бази на податоци, поставени клупи и знаци.
Проектот „Жива историја – жива природа 2“ е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...