Изложба на графики и колажи на Верче Николоска во Центарот за култура во Куманово

Куманово, 16 март 2017 (МИА) - Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва, со почеток од 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на графики и колажи на авторката Верче Николоска. Колекцијата содржи 25 дела работени во изминатите неколку години. Историчарот на уметност Роберт Цветковски објасни дека љубителите на уметност ќе имаат можност да проследат графики работени во техника дрворез и колажи од хартија.
- Графиките се апстракции со геометризиран стилски израз, а во колажите е присутна фигурација со голем степен на стилизираност и асоцијативност, изјави Цветковски.
Николовска за прв пат изложува свои дела пред кумановската публика. Со оваа изложба ја започнува својата турнеја по градовите ширум државата.
Николовска, досега учествувала на повеќе ликовни работилници, симпозиуми за уметност, ликовни колонии. Изложбата во Куманово ќе биде поставена наредните две недели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...