„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - По поставувањето на „Силјан Штркот шанца“, Македонскиот народен театар повторно со премиера на претстава за деца - „Авантурите на Аладин“ во адаптација, драматизација и режија на Бојан Трифуновски. Овојпат ќе биде на големата сцена, премиерно на 22 март и со прва реприза на 29 март од 19 часот.
Режисерот Бојан Трифуновски на прес-конференција денеска рече дека претставата е авантура на повеќе нивоа. Се занимавале со светски позната материја која, рече тој, има неколку точки од кои не смееле да отстапат.
- Прашањето е како таа толку позната материја да ја направиме да биде повторно интересна и со неа да дадеме нешто ново. Успеавме да го нагласиме хуморот во претставата затоа што ако нешто ми е омилено тоа е звукот на колективното смеење на децата, нема поубав звук од тоа. Интересно беше и тоа што првпат на големата сцена на МНТ правиме претстава за деца која ги има сите визуелни бенефити. Важно е и тоа што оваа претстава ќе изобилува со многу музика, која ќе биде и автентична и описна, со одлични изоркестрирани композиции, но има и неколку кавери на светски класици коишто помагаат да се унапреди приказната. Сакам да направиме ведро и брзо темпо со кое се надеваме дека ќе го задржиме вниманието, не само на најмладите, туку и на останатата публика, рече Трифуновски
Насловниот лик ќе го игра актерот Александар Михајловски кој потсетувајќи и на својот настап во неодамнешната премиера за Силјан Штркот, рече дека има убаво чувство кога игра во претстава за деца.

- Децата доаѓаат искрено. Сакаат да видат, да се одушеват. Тоа ми се случи и во „Силјан Штркот“ и тоа чувство ми е познато. Сега прераснува во нешто уште поголемо затоа што одиме на голема сцена и многу повеќе деца ќе може да доаѓаат на оваа претстава и ќе се забавуваат, рече Михајловски.
Дарја Ризова, која ќе ја игра Принцезата Џасмин, рече дека за неа „Аладин“ е прекрасна и безвременска бајка која, како што рече, е обоена со љубов што ги урива сите препреки и победува.
- На децата и на возрасните им носи порака дека љубовта е таа што го движи светот и нашето постоење, дека во времево во кое живееме треба да ја бараме љубовта во секого затоа што таа постои, но треба да се вреднува и да се шири меѓу нас, рече Ризова.
Актерот Сашко Коцев, кој ќе го игра ликот на Абаназер Велики, исто така, рече дека сака да игра во претстави за деца, а последната во која учествувал била во Кумановскиот театар пред 12 години. Истакна дека воведувањето претстави за деца е значајно за МНТ затоа што ќе ја донесат најмладата публика и ќе ја воспитаат да посетува театар.
- Претстава за деца е друго ниво, па во процесот на подготовка се соочивме со прашањето како и колку да биде смешно тоа што е смешно во приказната, и тоа што е тажно како да го направиме да биде тажно и емотивното да допре до нив, рече Коцев, додавајќи дека намерата им била претставата да биде допадлива за сите возрасти, да се видат визуелни елементи и да има хумор, но и емоција.
Во актерската екипа се и: Никола Ацевски (Духот од ламбата); Камка Тоциновски (Вдовицата - мајката на Аладин); Славиша Кајевски (Императорот - таткото на Џасмин); Драгана Левенска (Робинката од прстенот - Леонора) и Ненад Анѓелковиќ (Страшилото - принцот Леополд). Покрај нив учествуваат и деца-членови од Детското драмско студио на Магдалена Ризова-Черних.
За доловување на волшебното во приказната придонесуваат и сценографијата на Илина Ангеловска и костимите кои ги изработија Антонија Гугинска-Јорданоска и Елена Вангеловска. Композитор е Џијан Емин, а кореограф Александра Кочовска-Начева.

Директорот на МНТ Дејан Пројковски на прес-конференцијата рече дека заживувањето на детската сцена е меѓу нивните нови сериозни заложби. Ја почнале со „Силјан Штркот“, како што рече - симболично како што во 1948 година била првата изведба на „Силјан Штркот“ во режија на Петре Прличко.
- Претставите за деца се нашата нова заложба, да поставиме нов стандард и посебна грижа, внимание и третман, онака како што ги работиме и другите претстави од вечерната програма. „Авантурите на Аладин“ би рекол дека е првиот спектакл за деца во Македонскиот народен театар, истакна Пројковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...