Хан и тројката европратеници во Македонија

Скопје, 21 март 2017 (МИА) - Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, денеска се во Македонија со цел да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, најави дека Хан и тројката европратеници освен со лидерите на партиите, во Скопје треба да се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов.
Според Коцијанчич, се очекува Хан и тројцата европратеници да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Еврокомесарот Хан, пак, во пресрет на посетата на Скопје, апелира за почитување на демократските принципи и изборните резултати. - Земјата заслужи пофалби со спроведувањето на изборите. Доколку тоа сега го прокоцкаат, тогаш ќе прокоцкаат многу. Но, ако тоа сега го спроведат, ќе го стават европското семејство под притисок и тоа да испорача, вели Хан.

Хан го оцени и како контрапродуктивно мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како медијатор меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата.

Еврокомесарот за проширување, денеска во Скопје нема да се сретне со претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои ги предводат протестите што изминатите денови се случуваат во земјата за зачувување на унитарноста на Република Македонија. Портпаролката на Европската комисија, Коцијанчич, потврди дека Хан и тројцата европратеници во Скопје ќе се сретнат само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволувала повеќе.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, пак, за денеска најавија досега најмасовен протест во Скопје.
Ова е втора посета на еврокомесарот Хан на Македонија по парламентарните избори одржани на 11 декември. На почетокот од февруари во Скопје имаше средби со претседателот на државата Иванов, и со лидерите на партиите застапени во Парламентот. По средбите порача дека очекува од политичките лидери да демонстрираат демократска зрелост и да донесат одлука во интерес на грѓаните и европската перспектива на земјата.
- Очигледно е потребно време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата, на граѓаните и на европската перспектива. ЕУ ќе стори се за да и помогне на земјата и на нејзиното раководство, изјави тогаш Јоханес Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...