Иванов нема да се сретне со еврокомесарот Хан - терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“

Скопје, 21 март 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, информираат од кабинетот на претседателот.
Од таму велат дека претседателот Иванов, кој вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, во Македонија ќе се врати доцна вечер, при што нема можност за средба со еврокомесарот Хан.
Дека Иванов во својата агенда не планирал средба со еврокомесарот Хан и со тројцата европратеници уште во петокот му било соопштено на амбасадарот Самуел Жбогар, велат од кабинетот на шефот на државата.
- Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10 февруари 2017 година и тие остануваат непроменети. Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.
Со оглед на тоа дека претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од кабинетот на Иванов.
Претседателот Иванов вчера престојуваше во работна посета на Будимпешта, каде што имаше средби со претседателот на Унгарија, со премиерот и со претседателот на унгарскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...