Хан: Нема време за губење

Скопје, 21 март 2017 (МИА) - „Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Европскиот пат е отворен за Скопје по последниот Совет на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактизирање. Економијата страда“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по првата средба во Собранието на Македонија со лидерот на Беса Билал Касами.
По Касами, Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, се среќаваат со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, по што треба имаат одделни средби и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан.
Еврокомесарот и тројката европратенции денеска се во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.
Според најавите од ЕК во пресрет на посетата, се очекува Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн, да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.
Се очекува по денешните средби Хан да ја информира јавноста за разговорите со политичките лидери и за позицијата на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...