Во Виница промовирана книгата „Војни за природни стратегиски ресурси“ од Гоце Георгиев

Виница, 22 март 2017 (МИА) - Книгата „Војни за природни стратегиски ресурси“ од Гоце Георгиев денеска беше промовирана во Виница.
Промоторот на книгата Ѓорѓи Малковски рече дека во трудот „Војни за природни стратегиски ресурси“ се истакнува оти војните или воените интервенции се почнати поради геополитичките интереси на моќните земји - предводнички на капитал системот или предводници на т.н. нов светски поредок.
- Значењето на трудот е уште поголемо бидејќи е пишувано од автор кој обработувајќи ја својата докторска дисертација овие настани ги прикажал многу реално. Го отсликал стратегиското рамниште во подготовките за воените дејствија, за способност за донесување разумни и прифатливи заклучни констатации за основното значење на ресурсите во согласност со развојот, подготовката и употребата на вооружените сили, истакна Малковски.
Книгата „Војни за природни стратегиски ресурси“ е поделена на четири дела: „За војната“, „Ресурси“, „Нафтата како причина за конфликт“ и „Водата како причина за конфликт“, во кои е заокружена една целина со сите релевантни, суштински и логично поврзани настани за војните за ресурси на глобално ниво.
- Почнувајќи од првобитната заедница преку робовладетелството, феудализмот, капитализмот, можеме да заклучиме дека при водењето војни се заземаат територии, а на овие територии имало ресурси, како на пример робови, храна, вода, дрва, јаглен, нафта и сл. И војната водена во Македонија во 2001 исто така на еден начин претставува војна за ресурси, истакна Георгиев.
Книгата, чии издавачи се општина Виница и Организацијата на резервни офицери, е со тираж од 100 примероци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...