Се отвора Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва

Скопје, 23 март 2017 (МИА) - Конзервирано и сушено овошје, зеленчук, млечни и месни производи, тестенини, чаеви, вино и други жестоки пијалаци, се дел од првата пратка со која денеска и официјално ќе биде отворен Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва.
Домот се наоѓа во комплексот „Фуд сити“, своевиден трговски град кој зафаќа 90 хектари површина и во кој се лоцирани сите странски извозници и дистрибутери кои работат со Русија. Македонските компании, најпрво 10, ќе добијат целосна комерцијална, царинска и правна поддршка за промоција и пласман, а во Домот ќе може да ги изложат и складираат производите за да им бидат веднаш достапни на деловните руски партнери.
На отворањето е најавено присуство на бизнисмени и менаџери на македонските компании „Тиквеш“ од Кавадарци, „Здравје Радово“, „Далвина“ од Струмица, „Попова кула“ од Демир Капија, „Вори“ од Гевгелија, „Агромакс“ од Берово и „Гранд Фуд Корпоратион“, „Кадино“, „Горска“, „Свислион“ од Скопје, како и деловни луѓе и претставници на бизнис асоцијации од Москва и Евроазискиот деловен сојуз.
Годишниот обрт во „Фуд сити“ се проценува на 1,8 милиони тони прехранбени производи или 5.000 тони дневно. Трговскиот комплекс се простира на 345.000 квадратини метри, има канцеларии во над 30.000 квадратни метри и поседува современи простори за складирање на преку 300.000 метри квадратни. За секоја категорија прехранбени производи работат 30 до 300 трговски друштва.
Во овој деловен комплекс се стационирани деловни центри и претставништва на 36 земји од светот и на 80 од руските региони. За сите нив сега ќе станат видливи и македонските производи. Значајно е што македонските компании ќе имаат можност да пронајдат и купувачи од земјите од Евроазиската унија: Белорусија, Ерменија, Киргистан и Казакстан.
- Конечно ја реализиравме идејата што постои со децении, да имаме производи пред руските стопанственици во секое време. Со неа практично им излегуваме во пресрет на нашите членки чии барања и сугестии постојано ги следиме, а нивниот основен интерес е да се зголеми извозот на овој голем пазар, изјави извршниот директор на Комората Дејан Бешлиев пред отворањето на Домот.
Според него, основна цел е натамошно поттикнување на македонскиот извоз во Руската Федерација кој бележи висок раст во последните четири години, а оваа тенденција се очекува да продолжи.
Македонската бизнис-делегација при престојот во Руската Федерација ќе има прием и во Московската стопанска комора и ќе присуствува на потпишување меморандум за соработка меѓу Македонско-руската стопанска комора и деловната асоцијација од Москва која има 3.500 членки.
Република Македонија и Руската Федерација лани оствариле меѓусебна трговска размена од 191,9 милиони долари. Од тоа, македонскиот извоз изнесувал близу 48,9 милиони долари и забележал раст од 39,5 отсто во однос на претходната 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...