Мисајловски: Работиме на проекти на изградба на коридорите 8 и 10

Скопје, 23 март 2017 (МИА) - Посветени сме на реализација на проекти по должината на коридорите 8 и 10, со цел подобрување на транспортна инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите и конкурентноста на нашата мрежа на овие коридори, истакна денеска македонскиот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски на министерскиот состанок за инвестициите во транспортот во земјите од Западен Балкан, што се одржува во Софија.
На состанокот, на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за постигнување на целите на Инвестицискиот план за Европа, вклучувајќи ја главната мрежа на европски транспортни коридори во рамки на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан.
Министерот Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира македонската Влада за развој на коридорите 8 и 10, како и активностите за унапредување на поврзаноста со регионот и земјите од Европската Унија. Мисајловски, соопшти Министерството за транспорт и врски, ги образложи мерките што ги презема Владата на Република Македонија за изградба на модерен, безбеден и интегриран транспортен систем прилагоден за потребите за економскиот развој на земјата, потенцирајќи ја особено важноста за финансиска поддршка од страна на ЕУ за реализација на предвидените проекти.
Во обраќањето министерот Мисајловски ја нагласил потребата од изградба и модернизација на коридорите 8 и 10, како најважни транспортни линкови со земјите од Централна и Југоисточна Европа.
- Силно сме посветени на реализација на проекти по должината на двата коридора, проекти што ќе придонесат за подобрување на целокупната транспортна инфраструктура и за зголемување на квалитетот на услугите и конкурентноста на нашата мрежа на овие коридори. Координацијата на регионално ниво во инвестициите во инфраструктурата е во согласност со националните планови и програми на Република Македонија. Оттука изградбата на овие патишта и железнци се токму во насока на изградба на оние линкови кои недостасуваат за регионално поврзување, потенцирал министерот Мисајловски.
На министерскиот состанок учествуваат претставници на Европската комисија, предводени од комесарот за транспорт Виолета Булц, министри и претставници на меѓународни финансиски институции, меѓу кои од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...