Почна пролетната сеидба во Дебарско

Дебар, 24 март 2017 (МИА) - Поволните временски услови и доволната количина влага во почвата овозможија земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа оваа пролет сеидбените работи да ги почнат десетина дена порано од вообичаено.
- Во двете општини пролетните култури ќе се најдат на 300 хектари. Од вкупно планираните површи, 165 ќе бидат засеани со пченка, со фуражни култури околу 50 хектари, околу 15 со пролетен јачмен, десет со овес, како и дваесеттина хектари со други житни култури. Градинарските култури ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан, вели Арбен Муладаути, овластен раководител на подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.
Поради климатските промени, ги советува земјоделците дека е најдобро да користат нови хибридни сорти семе, кои се поотпорни и кои даваат поголеми приноси.
Земјоделците располагаат со потребната механизација и потребниот репроматеријал па доколку временските услови дозволат се очекува сеидбата да заврши во оптималниот рок.
Муладаути ги повика земјоделците да ги осигураат нивните посеви, во случај на суша или невреме. Министертвото, додава, плаќа 60 проценти од вредноста на полисата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...