ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа противуставна, води кон федерализација

Скопје, 24 март 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го повтори ставот дека тиранската платформа е противуставна и оти нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација.
- ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на реализација на тиранската Платформа, бидејќи смета дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, излез од кризата се нови парламентарни избори на кои СДСМ може да ја претстави тиранската платформа доколку смета дека таа треба да се прифати.
- Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за тиранската платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат, вели ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во спротивно се повеќе ќе расне револтот кај граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...