Средба на претседателот на СДСМ Заев со босанската амбасадорка Бабиќ

Скопје, 24 март 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ, на која се разговарало за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија.
- Очекуваме во понеделник да се избере новиот претседател на Собранието кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за состав на новата реформска Влада, рекол Заев, соопшти СДСМ.
На средбата се разговарало и за очекувањата на домашната јавност, граѓаните и бизнис секторот за стабилизација и развој на Македонија и за продлабочување на економската и културната соработка со Босна и Херцеговина.
Заев истакнал дека Европската унија и НАТО ги поддржуваат демократските процеси во Македонија и отвораат врати за тие стратешки перспективи на земјата.
- Имаме демократски обезбедено парламентарно мнозинство од 67 пратеници и Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, посветена на потребите на граѓаните. Не смее никој да ги блокира институциите за лични цели и затскривање од одговорност за направени криминални дела, навел претседателот на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...