Атанасов: Новата влада ќе го укине екстерното тестирање

Скопје, 24 март 2017 (МИА) - Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ Петар Атанасов денеска на прес-конференција рече дека новата влада што ќе ја формира СДСМ на првата седница ќе го укине екстерното тестирање за учениците.

- Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и родителите, рече Атанасов, оценувајќи го екстерното тестирање, како нелогично и дека не донело ништо добро за образованието освен притисоци врз учениците и казни за наставниците.
Според Атанасов, СДСМ ќе обезбеди квалитет на образованието и крупни реформи за вистински, успешен, модерен и европски образовен модел. Ќе има, како што рече, помалку предмети, настава соодветна за возраста и потребите на младите, наставници ослободени од административни обврски, посветени на учениците.
- Во основното образование, во првите пет години ќе има само описно оценување. Оценки ќе има во следните четири години. Бројот на ученици во паралелка ќе го намалиме на 25 ученици во просек. Во средното образование, покрај класичното четиригодишно гимназиско и стручно образование, ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година кај стручното образование, рече Атанасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...