ВМРО-ДПМНЕ: Со тиранската платформа СДСМ ја втурнаа Македонија во федерализација

Скопје, 25 март 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека СДСМ и Зоран Заев не можат да тргуваат со највисоките национални и државни интереси само за да се спасат и да не одговараат за криминалите што ги сториле.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со самото прифаќање на против уставната тиранската платформа во целост ја втурнаа Република Македонија во процес на федерализација.

Нивното прифаќање на тиранската платформа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно и јасно пред еден од претставниците на ДУИ кажа дека СДСМ како партија се согласува со сите точки од платформата.

- ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на реализација на тиранската платформа и затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава. Народот на Република Македонија го прочита аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата партија. Затоа секој ден стотици илјади граѓани по улиците низ градовите му порачуваат дека нема да му ја прифатат тиранската платформа и Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја воведе иднината на Македонија во прашање, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека за иднината на Република Македонија, за атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, инсистираат да се одржат нови парламентарни избори, бидејќи гласот на граѓаните мора да се слушне. - Доколку Заев смета дека треба да се прифати и реализира тиранската платформа нека ја претстави во својата изборна програма и граѓаните нека се изјаснат што мислат за неа. Во спротивно револтот кај граѓаните секој ден се повеќе ќе расне, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...