Заев: Цврсто сме определени кон европските вредности, очекуваме да се отворат вратите за Македонија

Скопје, 25 март 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во чест на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј од потпишувањето на Римскиот договор, со којшто се поставени основите на Европската унија, во свое име и во име на СДСМ, денеска упати честитка до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и до делегацијата на Европската Комисија.

- Востановените европски вредности се патот за демократски развој и унапредување и усовршување на демократските процеси како за земјите членки, така и на земјите аспиранти за членство во Унијата, независно од предизвиците пред коишто е денес таа исправена, истакнува Заев во честитката.

Убеден сум, вели тој, дека единството, солидарноста и заедничката иднина на ЕУ, како и отвореноста на Унијата кон нови земји членки ќе продолжи да генерира стабилност и безбедност, економски просперитет и квалитетен живот на граѓаните од државите кои гравитираат на европското тло.

- Во оваа прилика ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како политичка партија, но и како субјект којшто очекувам дека ќе ја предводи новата реформска Влада во Македонија, за европска перспектива на Република Македонија во духот на европските вредности. Одлучни сме да воспоставиме независни државни институции, владеење на правото и правната држава, економски развој и социјална кохезија во земјата, преку развој на концетот на заедништво, наспроти концептот на поделби, како и интеграција, наместо политиките на изолација што изминатиов период ја загрозија европската иднина на Македонија, се наведува во честитката.

Порача дека низ заедничка соработка со ЕУ како и досега, базирана на принципиелна и демократска основа, преку реформските процеси што ќе ги преземе Македонија во периодот што престои, тој очекува отворање на вратите на Европа за граѓаните на Република Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...