ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарни со локалните избори најдобро решение за излез од кризата

Скопје, 25 март 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ смета дека одржување на нови парламентарни предвремени избори на ист трошок со локалните се најдобро решение за излез од актуелната криза.

- Само на тој начин граѓаните ќе ја вратат целосната контрола врз иднината на Република Македонија и нивната волја нема да биде заобиколена преку разни пост изборни договори кои имаат еден заеднички именител, а тоа е реализирање на сеалбанската платформа потпишана во Тирана на 7-ми јануари, рече на денешната прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со своето неодговорно однесување, како што рече таа, предизвикува гневот и револтот на народот.

- Народот бара од Зоран Заев и СДСМ јасно и гласно да се откажат од „тиранската платформа“, чии елементи директно го загрозуваат унитарниот и мултиетнички карактер на Република Македонија. Тоа до ден денес не се случи. Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДСМ се обидуваат да ја релативизираат опасноста од платформата и се уште зборуваат за дебатирање околу теми кои се национален и државен интерес кои на крајот треба да ја редефинираат државата, рече Попова.

Впрочем, како што посочи, изјавите на партнерот Зијадин Села, за кој не постои македонски народ, кој не признава македонска химна и знаме и кој отворено зборува за федерализација на Македонија, само е најава каква е крајната тенденција во наводното реформо сопартнерство кое СДСМ го гради околу себе.

- Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а после избори отпочна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на „тиранската платформа“, нагласи Попова



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...