Форум за бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Мексико

Скопје, 26 март 2017 (МИА) - Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Мексико, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE - Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico - Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции, утре во Скопје организира бизнис-форум на тема „Македонија - Мексико - Бизнис можности и зајакнување на билатералната соработка“.
Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Форумот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.
На Бизнис-форумот претставниците од надлежните институции од Република Мексико ќе ја претстават својата земја, како и индустриите и секторите во коишто постојат можности и поволности за инвестирање.
Секторите за коишто постојат можности за соработка, како што информираат од Стопанската комора на Македонија се металoпреработувачката/автомобилската индустрија: можности за инвестирање во синџирот на снабдување, обновливите извори на енергија, прехранбената индустрија и креативните индустрии: аудио-визуелни содржини.
На форумот најавено е обраќање на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Марко Антонио Гарсиа Бланко, амбасадор на Република Мексико во Република Србија, Оскар Хавиер Камачо Ортега, трговскиот советник на ProMexico и претседателот на Управниот одбор на COMCE, Петар Јоксимовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...