Од утре пониски температури за 10 степени

Скопје, 26 март 2017 (МИА) - Зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд ќе има во текот на денов. Наместа ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, силен ветер и со грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува и умерен, во западните и северните делови повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне се уште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.
Потоа, како што најавуваат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...