Премиера на претставата „Театар, љубов моја“ во Велешкиот театар

Велес, 27 март 2017 (МИА) - По повод Светскиот ден на театарот вечерва на Малата сцена на театарот „Џинот“ во Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Театар, љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски.
„Театар, љубов моја“ е прва продукција од Годишната програма на театарот за 2017 година, поддржана од Министерството за култура на Македонија и македонска праизведба на драмскиот текст „Театар, љубов моја“ на бугарскиот автор Валери Петров, напишан во 1981 година за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова. Текстот е за весела и тажна претстава, изграден како беседа на две актерки со публиката.

Во оваа постановка на „Театар, љубов моја“ играат четири актерки од четири различни генерации. Четири различни биографии и сензибилитети на сцената во една актерска „гримиорна“ – место каде актерите се шминкаат и преоблекуваат, но и место каде се раѓаат митовите и легендите за театарот.

- Час и половина приказни, случки, досетки, мали закачки и љубомори, кои ја прават актерската „кујна“ толку богата што секој би сакал да ѕирне во неа и да го осети нејзиниот мирис и вкус, вели режисерот на претставата Деан Дамјановски.

Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерките Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...