Форум за бизнис-можности и зајакнување на соработката меѓу Македонија и Мексико

Скопје, 27 март 2017 (МИА) - Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Мексико, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE - Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico - Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции, денеска во Скопје организира бизнис-форум на тема „Македонија - Мексико - Бизнис можности и зајакнување на билатералната соработка“.
Целта на бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Форумот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.
На Бизнис-форумот претставниците од надлежните институции од Република Мексико ќе ја претстават својата земја, како и индустриите и секторите во коишто постојат можности и поволности за инвестирање.
Секторите за коишто постојат можности за соработка, како што информираат од Стопанската комора на Македонија, се металoпреработувачката/автомобилската индустрија: можности за инвестирање во синџирот на снабдување, обновливите извори на енергија, прехранбената индустрија и креативните индустрии: аудио-визуелни содржини.
На форумот најавено е обраќање на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Марко Антонио Гарсиа Бланко, амбасадор на Република Мексико во Република Србија, Оскар Хавиер Камачо Ортега, трговскиот советник на ProMexico и претседателот на Управниот одбор на COMCE, Петар Јоксимовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...