Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

Скопје, 27 март 2017 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која ќе се избира претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Парламентарните партии по тридневните состаноци во Собранието, во четвртокот постигнаа договор претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде од ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, тоа најверојатно ќе биде Илија Димовски.

Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...