„Театар во Библиотека“ за Светскиот ден на театарот

Битола, 27 март 2017 (МИА) - Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола во рамки на празничните програми посветени на 72-та годишнина од формирањето на библиотеката, денес го одбележа и 27 март - Светски ден на театарот.
За читателите и пријателите на библиотеката беше одиграна претставата „Театар во библиотека“, која ја подготвија младите актери од детското драмско студио „Арт и медиа“ – Битола.
- Децата од драмското студио прикажаа интересни ситуации кој се случуваат во библиотеката на еден шеговит, но едукативен и креативен начин и испратија порака за подигање на свеста и културата на читање и користење на литература. По завршувањето на претставата се одржа интерактивна работилница на тема „Нацртај маскота на библиотеката“ во која учениците учесници презентираа различни ликовни прикази, идеи и предлози за изгледот на маскотата на библиотеката, истакна Фатма Бајрам Аземовска, стручен соработник во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
Свеченостите по повод 72-годишнината од формирањето на библиотеката во Битола продожуваат во четврток со промоција на проектот „Еко библиотека“.
- Во реализацијата на проектот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, ќе бидат вклучени сите основни училишта, учениците и наставниците кои го минале или се уште го минуваат процесот на имплементација на еколошките стандарди во своите средини. Тие ќе се појават како консултанти на библиотеката, кои ќе водат кон активности за подигање на еколошката свест кај поединците во подобрувања и заштеда во трошењето на ресурсите и зачувувањето на еколошката средина.
Завршниот настан од програмата за одбележување на 72-от роденден на библиотеката и 83 годишнината од раѓањето на Борислав Талевски, ликовен уметник од Битола е закажан за 31. март кога во просториите на библиотеката ќе биде отворена на ликовна изложба „Ликовни одблесоци – сеќавање на творештвото на Борислав Талевски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...