|
|
|
Семејствата во социјален ризик од Велес две години нема да плаќаат сметки за водаВелес, 28 март 2017 (МИА) - Советот на Општина Велес на вчерашната 66 седница ја усвои одлуката за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии за социјално загрозените семејства за наредните две години, од 1 април годинава до 1 април 2019 година. Како што појасни градоначалникот Славчо Чадиев, за оваа иницијатива тие биле поттикнати од честите барања на лицата со социјално загозени семејства за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. - Поради тоа Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ одлучи да им излеземе во пресрет на оваа категорија на граѓани, појасни Чадиев. Тој информира дека лицата од социјално загрозени семејства барање за ослободување од оваа давачка треба да поднесат до ЈКП „Дервен“. Инаку статусот на социјално загрозено семејство се потврдува со Решение за остварување социјална помош кое го издава Центарот за социјална работа во Велес. Како што појаснуваа од Општина Велес ослободувањето од плаќање на сметки за вода и комуналии е лимитирано до 20 тони вода потрошена месечно.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
- Што е тоа мало црвено, по малку бело? - Мравка со нога во гипс.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
|
|
|
|