Кумановските угостители да ги обноват барањата за поставување урбана опрема

Куманово, 28 март 2017 (МИА) - Сопствениците на угостителските објекти од Куманово кои поставуваат урбана опрема на јавно прометни површини, треба да поднесат барање до секторот за урбанизам за добивање на решение за поставување урбана опрема, повикаа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.
Комуналните инспектори од секторот, изминативе денови посетиле дел од сопствениците на угостителски објекти и им укажале дека ќе мора да поднесат барање и да добијат решение за поставување на опремата, по претходно одржаниот состанок на кој учествувале претставници од повеќе сектори од општина Куманово
-Оваа активност се реализира на пролет, со оглед на тоа што почнува сезоната на времените објекти-урбана опрема кои се придружни објекти на угостителските. На интерсекторскиот состанок утврдивме дека покрај тоа што треба да се утврди за плаќањето, дали е извршено и дали се обновени одобренијата, решивме да видиме дали одговара и изгледот на самите објекти како и материјалите кои се употребени начинот на градба, изјави Орце Петковски, овластен градежен инспектор од општина Куманово.

Стручните тимови од секторот за урбанизам, појасни тој, ќе им објаснат на стопанствениците како да дојдат до поквалитетлно решение за времените објекти или урбаната опрема.

Потсети дека претходно Советот на општина Куманово, донел насоки во кој правец треба да се добива работата, а кога инвеститорите ќе ги набават одобренијата со проекти за нивниот изглед и материјалите, тогаш инспекторите од секторот за инспекциски надзор ќе излезат на терен и ќе извршат контрола.


Од секторот за урбанизам од општина Куманово, информираат дека на годишно ниво има околу 70 до 80 барања за поставување урбана опрема.

-Во 2016 година по состаноците на Здружението на угостителите од Куманово и општина Куманово, утврдено е угостителите да плаќаат пет денари дневно за метар квадратен комунална таска, независно од зоните, додека за закуп се плаќа различно од 1, 2 и 3 денари во зависност од зоната, изјави раководителот на секторот за урбанизам Лидија Ланг Спасовска.

Во овој момент инспекторите вршат укажувања на угостителите на оние кои нема да ги обноват дозволите за поставување на урбана опрема. Од секторот за инспекциски надзор ќе донесат решенија за поведување прекршочна постапка, при што казните се значително високи и изнесуваат 7.000 евра за правно лице и 2.100 евра во денарска противврденост за управител.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...