МФ: СДСМ своевремено ненаменски издаваше пет пати поскапи ДХВ

Скопје, 28 март 2017 (МИА) - Издавањето на државни хартии од вредност (ДХВ) е редовна активност на Министерството за финансии (МФ), воведена уште во 2004 година, посочува МФ во реакција на денешното соопштение од СДСМ во кое беше оценето дека е недозволиво Министерството за финансии да прави ново задолжување во период на формирање на новата влада.
- Финансирањето на буџетскиот дефицит преку домашни извори, односно државни хартии од вредност е предвидено и со Буџетот за 2017 година. Согласно Законот за јавен долг и максималниот износ за задолжување на домашниот пазар, објавениот календар за аукции, како и согласно понудата и побарувачката на државните хартии од вредност од страна на инвеститорите, Министерството за финансии носи одлука за оптималниот износ, се вели во реакцијата од Министерството.
Освен финансирањето на буџетскиот дефицит, се додава во реакцијата, издавањето на државните хартии од вредност има за цел и да го развие пазарот на капитал во земјава.
- Ќе потсетиме дека во 2004 година, тогашната влада на СДСМ плаќаше огромни камати за државните записи и пет пати повисоки од денес (11%), за средства кои само седеа на депозитната сметка и немаа никаква друга намена освен развивање на пазарот на капитал. Министерството за финансии води одговорна политика на управување со јавниот долг, што е истакнато од сите реномирани меѓународни финансискии нституции, затоа сметаме дека не треба да биде предмет на дневно политички манипулации, се потенцира во реакцијата од Министерството за финасии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...