Пролетно садење дрвца во Велес

Велес, 30 март 2017 (МИА) - Во Велес вработени во Јавното претпријатие „Дервен“ започнаа со пролетното засадување на нови садници на дрвца.

Според портпаролката на „Дервен“ Тодорка Андреевска, засадувањето започна долж улицата „Индустриска“ во новиот дел на Велес, каде ќе бидат засадени вкупно 38 зимзелени дрвца од видот „смарагдна туја“, а воедно до дрвцата се инсталира и систем за наводнување.

- Засадувањето на дрвца е согласно годишната програмата за 2017 за подигнување на нови зелени површини, што ја усвои Советот на општина Велес, а се финансира од касата на општинскиот буџет. Со истата годинава на повеќе локации во градот се планира засадување на околу 380 дрвца, изјави Андреевска.

Освен на оваа улица, во текот на оваа пролет и есен се планира и засадување на дрвца и реконструкција на зелените површини во Градскиот парк, кај железничката станица како и на повеќе градски улици каде ќе бидат уредени и зелените површини.

Инаку деновиве вработени на ЈКП „Дервен“, освен дрвца покрај улиците во зелените површини покрај тротоарите, засадуваат и пролетни садници на најразновидни цвеќиња, а со кои ги разубавуваат јавните површини во Велес, информира Андреевска.

- Со уредувањето и озеленување на овие градски површини, воедно се уредува просторот од естетски аспект, но уште повеќе ќе се овозможи подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку подигнување на ново зеленило. Високите дрвја се природни прочистувачи на воздухот и имаат заштитна функција во однос на прашината и бучавата. Затоа апелираме до граѓаните да ги чуваат и се грижат за овие зелени оази во градот, изјави Андреевска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...