„Велигденско јајце 2017“ во Велес

Велес, 12 април 2017 (МИА) - Велигденски јајца, корпи и други рачно изработени велигденски украси и велигденски реквизити се продаваа денеска на 13. традиционална манифестација „Велигденско јајце 2017“ во Велес.

Манифестацијата се одржа во Младинскиот парк каде беа поставени уредените велигденски штандови. Ја организира Општина Велес во соработка со градинката „Димче Мирчев“, основните и средните училишта од градот. Собраните средства учениците и здруженијата ќе ги искористат за свои потреби.

Како што велат од Општината, целта на „Велигденско јајце 2017“ е учениците да ја искажат својата умешност и креативност и на најубав начин да го одбележат доаѓањето на големиот христијански празник Велигден, продолжувајќи ги древните традиции на рачно украсување на велигденските јајца.

Кон манифестацијата годинава се приклучија вработените и учениците од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан од село Иванковци, од Ученичкиот средношколски дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на Црвен крст Велес, ЗК „Креација“ и Активот на жени пензионерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...