Лажна дојавата за експлозивна направа во Тетовскиот суд

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Припадници на Единицата за антитероризам на МВР денеска по 13 часот извршиле комплетно пребарување на внатрешноста на Основниот суд Тетово и просторот околу него, при што не се пронајдени никакви експлозивни или други средства, по дојавата од изутрината дека има експлозивна направа во судот, соопшти МВР.
- Триесет и деветгодишната тетовка Н.Ј, денеска околу 8 часот и 40 минути пријавила во Полициската станица Тетово дека утрото кога влегла во нејзината адвокатска канцеларија лоцирана на улица „Струшка“ во Тетово, на подот забележала писмо, се наведува во соопштението од МВР.
Од полицијата информираат дека таа го подигнала писмото, го отворила и во него се наоѓал лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, било напишано: „На 13 април ќе се бомбардира Судот во Тетово, голема количина експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“.
За настанот веднаш бил известен јавен обвинител кој дал насоки за мерките и активностите што треба да се превземат, по што повеќе служби на СВР Тетово испратени се во и околу објектот на Основниот суд Тетово, а известени се и соодветните служби на Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Извршен е комплетен увид и Секторот за внатрешни работи Тетово работи на расветлување на случајот, односно кој, зошто и со какви мотиви го оставил писмото во адвокатската канцеларија на Н.Ј и која била целта, велат од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...