Општина Карбинци со европски пари ќе го санира корито на Козјачка река

Штип, 12 април 2017 (МИА) - Коритото на Козјачка река која поминува низ селото Карбинци ќе се санира со европски пари, информираа на денешната заедничка прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов и претставници на бугарската општина Струмјани.
Минов нагласи дека преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, општините Карбинци и Струмјани добија заеднички проект за санирање на речните корита во општините. Општина Карбинци од Фондовите на ЕУ добива грант од 179.000 евра, а со санирањето на коритото на Козјачка река ќе се заштити населението од поплави.
Тој потенцира дека пред две години надојдените води од планината Плачковица направија голема штета на корито, а еден дел од патот беше и разрушен. Штети имаа и жителите и неколку фирми во селото Карбинци.
- Со релизација на овој проект ќе можеме да ја зголемиме безбедноста, да го уредиме речното корито и да направиме голем бенефит за самото село Карбинци, но и за нашата општина, рече Минов.
Проектот предвидува чистење долж течението на реката, отворање на постоечките каскади и изградба на регулирано речно корито со заштитни бетонски ѕидови долж 250 метри. Дополнителни 200.000 евра се наменети за регулирање на речното корито на Шашка река во општина Струмјани, Република Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...