Одбележан Денот на Царинската управа

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Царинската управа на Република Македонија денеска одбележа 25 години од своето постоење.
Директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска го потенцира задржувањето на 27 место на Република Македонија кај индикаторот Услови за прекугранично тргување помеѓу 190 земји во светот во најновиот извештај Doing Business.
- Во 2016 година вкупно беа остварени приходи во износ од 72,9 милијарди денари, што е за 8,5 отсто повеќе од остварените приходи во 2015, а за 5,5 отсто повеќе во однос на планираните приходи за 2016 година. Успешно реализирани беа два твининг проекти: „Хармонизација на законодавството и постапките со законодавството и добрата практика на ЕУ во областа на акцизите“ (ИПА 2010) и „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“ (ИПА 2010), рече Радеска-Крстевска.
Министерот за финансии Кирил Миноски им го честиташе јубилејот на царинските службеници и истакна дека со текот на годините, покрај промените и предизвиците кои се случуваа во општеството и економијата, Царинската управа успеа да се развие во една модерна и ефикасна институција.
На одбележувањето присуствуваа претставници од Владата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата и други соработници...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...