Министерот Тодоров во еднодневна посета на Унгарија

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на еднодневната посета на Република Унгарија, денеска оствари работна средба со министерот за човечки ресурси на Унгарија, Золтан Балог и неговиот тим.


Како што соопшти Министерството за здравство, на средбата било разговарано за продлабочување и зајакнување на билатералната соработка во повеќе аспекти од здравството, во насока на целокупно унапредување на квалитетот на здравствените услуги, особено преку доедукација и доусовршување на здравствениот кадар.


- Посебен фокус на средбата беше ставен на размена на искуства во делот на едукација на здравствените работници.

Се разговараше за унапредување на програмата за обуки на здравствениот кадар, како и за можноста за обезбедување стипендии за македонските студенти и доктори по медицина во реномирани установи во Унгарија, соопшти Министерството за здравство.
Тодоров и Балог разговарале и за можностите за соработка во областа на електронското здравство, а унгарскиот тим покажал интерес за функционирањето на националниот систем за електронско здравство „Мој термин“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...