Филхармонијата ќе ги затвори 40. Денови на македонска музика

Скопје, 13 април 2017 (МИА) - Четириесеттите Денови на македонска музика ќе завршат вечер со симфониски концерт на Македонската филхармонија. Солист ќе биде виолончелистот Гал Фаганел (Словенија/САД), а концертот ќе го води британскиот диригент Крис Расман.
Ќе бидат изведени дела од неколку генерации македонски музички творци: Концертантна музика за виолончело и гудачи од Тома Прошев, третиот став од Симфонијата бр. 4 на Кирил Македонски, третиот став од Симфонијата бр. 7 „Пролет“ од циклусот „Четири годишни времиња“ на Ристо Аврамовски. Премиерно во Македонија ќе прозвучи и симфониското дело „Небесен попречувач“ на младиот автор Мајкл Бакрнчев.
Јубилејните Денови на македонска музика, кои ги организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), годинава на програмата имаа единаесет концертни термини, како и работилници, презентации и предавања. Манифестацијата почна на 27 март со концертот на инструментална музика „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...