Дебарското јагне за Велигден на италијанскиот и првпат на хрватскиот пазар

Дебар,13 април 2017(МИА) – Дебарските јагниња, како и изминатите години ќе се најдат на италијанската, а првпат годинава и на хрватската велигденска трпеза.
Според Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Даши“ тоа е поради високиот квалитет на јагнешкото месо.
- Сточарите од општините Дебар и Центар Жупа располагаа со 20 илјади јагниња. Над 80 насто се откупени од фирми од Гостивар и Скопје, кои се занимаваат со тоа. Продолжува традицијата тие главно да бидат извезувани за Италија, а првпат сега и за Хрватска. Останатиот процент јагниња, сточарите ќе ги чуваат за продажба на локалните жители за Велигден, Први мај и Ѓуровден, вели Аме.
Тој го нагласува незадовоството на сточарите од откупната цена која изнесува 120 денари за килограм жива мера. За разлика од пред неколку години кога цената беше 180 денари, додава тој, последните три години таа бележи контнуирано намалување.
- Голема поддршка за нас сточарите се секако субвенциите кои ни ги дава државата. Како резултат на тоа се зголемува бројот на сточарите, а со тоа и грлата овци, за што во нашиот поширок регион има идеални услови, посочува Аме.
Сточарите од двете општини располагаат со околу 40 илјади грла ситен добиток, што е двапати повисока бројка од онаа пред околу пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...