Тирана ја потврди реалноста - во Албанија живеат Македонци, а не Бугари

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, го поздравија усвојувањето на Предлог-законот за заштита на малцинствата, што албанската влада го усвои пред два дена.

Друштвото со оценка дека тоа претставува чекор напред и правна рамка за остварување на легитимните права на малцинствата.

- Од името на сте Македонцни што живеат во Република Албанија, го поздравуваме овој чекор на Владата во Тирана. Со законот Владата како национални малцинства ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и египќанското малцинство. Тоа е реалноста во Албанија, кога станува збор за малцинствата, се наведува во соопштението на друштвото.

Она што посебно го сметаме за победа, стои понатаму во соопштението, е фактот што Владата потврдува дека во Република Албанија живеат Македонци, а не Бугари, како што се обидуваа бугарските пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски преку Резолуцијата на Европскиот Парламент за Албанија да „докажат“ постоење на Бугари во Албанија.

Инаку, Предлог-законот за заштита на малцинствата набрзо треба да се најде пред пратениците во албанскиот парламент.

Со него се утврдуваат правата на малцинствата во согласност со Уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права,која Албанија ја ратификува во 1999 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...